Тешка сообраќајка во Скопје – повредени две лица

Во 04 часот и 30 минути во селото Кадино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од селото и патничко возило „Мерцедес“  со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Т.Г.

Во  незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи кои со возило на Итна медицинска помош биле прнесени во Градска општа болница „8-ми Септември“.  На двајцата им  била укажана лекарска помош.

Кај М.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Т.Г. биле констатирани телесни повреди.

По укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.