Утрово во 03,13 часот пријавено е дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, во близина на основното училиште „Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода.

Сообраќајна несреќа се случила кога Д.С.(23) од Скопје управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во столб.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатникот А.Н.(23) од Охрид, кои се пренесени во Ургентен Центар-Скопје, каде околу 03,50 часот Д.С. починал, додека А.Н. е во животно загрозувачка состојба.