Амбасадорката на Република Хрватска во Скопје вчера пријавила тешка кражба во резиденцијата лоцирана на улицата „Тодор Александров“.
Како што информираат од полицијата непознато лице насилно влегло во хрватската резиденција и ја извршило тешката кражба.
Од МВР додаваат дека засега не е утврдено што точно е украдено, но се работи на расчистување на случајот.