Струјата ќе нѐ изгори - да се штеди или да се „буниме“!

Тешка енергетска зима ни е на прагот, а владата веќе ги објави прпораките за штедење на струја.

-Секако дома претходно имавме сијалици-штедливки. Бојлер и машини за перење вклучувам на ефтина струја, по 22 часот вечерта. Купивме плинска боца за готвење и варење кафе, чај... Некако психолошки ми влијаат сите овие тензии околу струјата, па така сум на штрек, постојано гасам светла. Ова го раскажува една средовечна скопјанка која вели дека колку може ќе штеди, но сепак мора нормално да се функционира, да се одржува хигиената во домот, да се зготви, да се средат децата на училиште.

Дополнителен шок за голем број граѓани беа августовските сметки за струја каде освен потрошената струја „солено“ се наплаќа и дистрибуцијата, односно преносот на електричната енергија.

Реакциите се бројни, многумина велат дека е време да не се молчи и штеди, туку јавно и гласно да се реагира против, како што велат, грабежот од страна на ЕВН.

Еве што велат твитерџиите на темава: