Црна Хроника
7. Јануари 2017 - 9:51

Страшна верижна сообраќајка на автопатот Белград-Скопје: Повредени 17 лица, меѓу нив деца

Во верижна сообраќајна несреќа која вчера наутро се случи на автопатот Белград- Скопје, кај клучката Дољевац, повредени се 17 лица и во тек е нивното згрижување.

До несреќата дошло кога едно возило се излизгало, по што останатите возила кои биле во колоната, удирале едно во друго.

Од Брзата помош во Ниш потврдено е дека има повредени  и дека нивните екипи се на терен и не можат да дадат точни информации за бројот на повредени. Меѓу 17-те повредени има и 6 деца.

На автопатот моментално има застој, десетици возила се заробени.

Повеќе информации се најавуваат за подоцна.