Стефковски: Осуда за сквернавењето, споменикот и иконите ќе ги обновиме

Најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Ваквиот сторен чин, како што вели, на големиот македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда.

„Како градоначалник на општина Гази Баба, барам итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата“, пишува Стефковски.

На граѓаните им порачува да бидат спокојни.

„И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи“, порачува во напишаното Стефковски.