Стефковски им посака успешен зимски камп на учениците од Гази Баба

Оваа година по втор пат, општина Гази Баба го субвенционира оддржувањето на училишниот зимски камп во кои учествуваат учениците од општинските основни училишта во Гази Баба.

Градоначалникот Бобан Стефковски ги испрати учениците и им посака успешен зимски камп на учесниците 

- Втора година по ред, општина Гази Баба субвенционира учество на учениците од општинските основни училишта во Гази Баба на зимскиот капм кој го организира Сојузот на училишен спорт на Гази Баба за време на зимскиот распуст. За време на училишниот зимски камп, учениците ќе имаат можност да другаруваат, рекреираат и спортуваат, а истовремено ќе уживаат во зимските спортови. Гази Баба за сите! - порача Стефковски.