Стаменов со искрен и ироничен став за она што ни се случува: Барајте си рецепти за леб по интернет и уживајте!

Борче Стаменов од „Донирај Компјутер“ често го кажува својот став за бројни општествени теми. 

Овој пат свој став даде за актуелната ситуација во која се наоѓа нашата земја, а со кој многумина се согласуваат!

-Коа на француските земјоделци пробаа да им ја покачат цената на нафтата (ако се сеќавам добро), излегоа и направија општ "хаос". Ја блокираа половина Франција, истураа измет пред општински згради и.т.н. Грците со протести поради пропуст денес демонстрираат поради несреќата на двата воза кои се судрија и изгинаа педесетина луѓе. Летаат оставки и апсења. А ние шо праиме? Неаме учебници за децата, ни изгинаа купишта луѓе по сообраќајни несреќи, ни изгоре модуларна болница каде исто така за жал имаше жртви. Ни оставка, ни бутур. Фирмите одговорни за несреќите уште си работат без проблем. Уште се влечат процеси стари по десетина години оти човекот кој треба да даде одговори "настинува" на секое рочиште. Виновници се обично продолжни кабли или кофа вода во која некој се удавил. Среќа иде пролет па ќе го заборавиме и загадениот воздух. И не знам за кој к.. го пишувам ова? Уствари за кого го пишувам? Уствари зошто пак почнав да се занимавам со ова? Барајте си рецепти за леб по интернет и уживајте. Правдата, како шо викаа едни на избори, ќе го стигне секој еден кој се огрешил. Да.