Совети од една 40 годишна жена за помладите девојки: Живејте за себе, а не за другите!

Кога жената ќе влезе во 40-тите години, особено кога е и мајка, горда на се што постигнала, сигурно има многу подеми и искуства во животот, за кои никој не можел да ја подготви во нејзините помлади години. Веројатно би повторила многу работи, но некои работи и би ги променила. Зошто е важно да се сакате себеси и да си простувате самите на себе?

За сите млади девојки кои се на самиот почеток од животот, ви ги пренесуваме советите од една мудра, 40 годишна жена.

1 . Сакајте се себе

Колку побрзо се прифатите и се засакате себеси на млади години, толку побрзо ќе успевате да ги избегнувате погрешните одлуки во животот. Кога ќе се засакате себеси, побрзо ќе ги прифаќате другите. Ова е важно за градењето здрави односи во животот.

2. Збогатете ја својата душа

Доколку не сте ја пронашле вашата страст, излезете од комфорната зона и пробувајте различни активности додека конечно не ги пронајдете работите кои ќе ви даваат инспирација и слобода.

3. Најдете потпора

Секако дека со некои работи морате да се соочите сами, но како што течат годините, ќе сфатите колку навистина значи поддршката и присуството од луѓе коишто ве сакаат. Тоа ќе ви даде крилја да надминете секакви тешкотии.

4. Бидете искрени

Лажната насмевка можеби ќе ги излаже и прелаже останатите, но нема да се прелажете самите себе. Лажната насмевка ќе прави само да мислите дека сте надминале некои работи,а во суштина сте се уште несреќни. Бидете секогаш искрени, само така ќе ја откриете среќата.

5. Живејте за себе, а не за другите

Кога ќе почнете да ставате години на вашето конто, ќе зажалите што сте поминале толку време трчајќи по другите, трудејќи да им удоволите на сите. Тоа секако не е возможно, па зошто тогаш толку се трудите? Живејте го животот на начин на кој нема да нанесувате штета никому, а ќе си носите среќа на својата душа.

Останатите 5 совети следуваат на втората страна...

6. Патувајте повеќе

Една од поубавите работи кај младоста е недостатокот на поголеми обврски. Затоа патувајте повеќе, видете го светот додека сте се уште млади и можете да го направите тоа. Доколку не патувате, еден ден навистина ќе се каете што не сте го правеле тоа додека сте имале шанса.

7. Не се грижете толку

Ослободете го срцето. Дишете. Бидете спокојни. Поголемиот дел од работите за кои толку се грижите, не се ни толку важно, а поголемиот дел се само во вашата глава. Грижите нема да ви донесат ништо добро, освен брчки пред време.

8. Престанете да се споредувате со другите

Секој човек живее сам за себе. Чуму потребата постојано да се споредувате со сите? Секој се движи со различна брзина и сите се водени од различни мотиви. Секогаш мислиме дека другите се посреќни и поуспешни, но сето тоа е површно. Секој има свои планини за искачување и патишта за одење.

9. Престанете да очекувате

 Не треба да очекувате дека животот или светот ви должи нешто. Не, не ви должи. Престанете да очекувате било што од луѓето. Ослободете се од очекувањата и ќе бидете посреќни.

10.  Посветете се да живеете среќен живот, а не само да преживувате

Оскар Вајлд има кажано: „Една од најретките работи на овој свет е да живееш. Повеќето луѓе само постојат.“ Ова е многу важно да го запаметите додека сте млади. Не го трошете вашето бесценето време на површни односи, површен живот каде што постојано чекате нешто да се случи или чекате да пројде нешто. Живејте живот со насмевка, живот со кој ќе се гордеете кога ќе имате 80 години.