6 совети за воспитување на децата од психолозите на Харвард

Воспитувањето на децата е навистина тешка и одговорна работа. Од нас како родители зависи тоа кој правец ќе го одберат нашите деца.

И покрај тоа што и други фактори се важни, сепак родителот и воспитувањето се основата на создавање на среќни деца. Се разбира, ова не е лесна задача, па затоа денес издвоивме неколку совети од психолозите на Харвард кои се занимаваат токму со тематиката на развојот и воспитувањето на децата.

Поминувајте време со вашите деца

Ова е основата на се. Ви треба постојано да поминувате  време со вашите деца, да се интересирате за  нивните хобија и проблеми и најважно од се е да слушнете што имаат да кажат. Вие не само што ќе научите многу за уникатниот карактер на вашиот син или ќерка, туку и вашите дејства ќе им дадат пример како треба да се грижат за другите луѓе.

Секогаш кажувајте им на вашите деца колку ви значат

Според истражувањата, многу деца не знаат дека тие всушност се најважните луѓе во животот на нивните родители. Тие навистина сакаат и треба да ги чујат тие зборови од вас. Не заборавајте да им го кажувате тоа што е можно почесто. На тој начин, тие ќе се чувствуваат безбедни, сакани и ценети.

Покажете им како да ги решаваат проблемите наместо да бегаат од нив

Ако вашето дете одеднаш реши дека не сака да оди на фудбал, прашајте го зошто го прави тоа, заедно со обврските кои ги има кон другите деца од тимот. Ако се уште сакаат да се откажат, помогнете им, но пронајдете нешто за коешто ќе имаат страст.

Нека научат нешто со кое ќе ви помагаат секој ден и бидете им благодарни за помошта

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се научени да покажуваат благодарност се понаклонети да чувствуваат сочувство кон другите, подарежливи се и сакаат да помагаат. Затоа, многу е корисно да им помогнете на децата да развијат вештини за дневни активности со кои ќе можат секој ден да ви помагаат при домашните обвски, а за возврат вие секојдневно ќе им се заблагодарувате. Психолозите препорачуваат и  наградување на децата за искрено покажување на љубезност и за трудот кој го вложуваат за да ви помогнат.

Помогнете му на детето да се справи со своите негативни чувства

Психолозите веруваат дека можноста да се грижиме за другите често е поттисната од негативни чувства како лутина, омраза, срам и завист. Со тоа што им помагаме на децата да ги разберат овие негативни чувства, тие ќе бидат поттикнати да ги решаваат своите внатрешни конфликти. Ова води кон започнување на долгиот пат да станат сочувствителни, грижливи поединци. Исто така е важно за воспоставување психолошка стабилност.

Покажете им дека светот е многу поголем, покомплексен и поинтересен од тоа што можат да замислат

Според истражувањата, речиси сите деца се заинтересирани само за малиот свет на нивното семејство и пријатели. Многу е важно за нив да научат да се интересираат за луѓето и настаните надвор од нивниот ограничен круг, што може да се разликува од тоа што го знаат во општествена, културна и географска смисла. Во ова можете да им помогнете со тоа што ќе научите да бидете добар слушач кој може да се стави во туѓите чевли и да чувствува емпатија, без оглед на тоа дали е преку филмови, слики или вестите.

Неколку последни важни зборови од експертите од Харвард: Воспитувањето на детето да биде културно, грижливо и сочувствително е многу тешка задача. Но, тоа е токму она за коешто сите сме способни. И ништо друго на светот не може да се спореди со важноста на ова и со бесценетото задоволство коешто го чувствувате кога ќе го постигнете тоа.