Сопствениците ги повлекоа објектите, велосипедите по своја патека

Сопствениците на неколкуте трафики кои се наоѓаа на трасата, предвидена за изградба на велосипедска патека на главната сообраќајница Ѓорче Петров, во истоимената општина, ги тргнаа старите објекти и овозможија непречено движење на велосипедската патека.

Сопствениците ги повлекоа објектите неколку метри, но не ја сменија локацијата.

Ова беше дел од проектот „Скопје велоград- 2017“ кој го реализира градот Скопје.