Општина Илинден ќе субвенционира купување велосипеди

И оваа година Општина Илинден објави јавен повик за доделување субвенции за купување велосипеди. Јавниот повик што е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територијата на општина Илинден.

Целта на оваа мерка е да се стимулираат граѓаните за користење велосипеди, а износот што го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50 % од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари од велосипед. Барањата од јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување.

Право на учество на јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден, кој ќе купи нов велосипед сметано од 12.2.2024 до 30.4.2024 година.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани може да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб-страница ilinden.gov.mk