Сообраќајка во тунелот кај Демир Капија – километарски колони на патот

Стотина патници се практично „заробени“ на патот Демир Капија Удово, во километарска колона автомобили. Тие со часови чекаат да се расчисти гужвата и да го продолжат своето патување.

АМСМ информира дека поради сообраќајна незгода  во тунелот Демир Капија, сообраќајот на патниот правец Гевгелија- Демир Капија е во прекин. Засега нема детали за сообраќајката.