Сончев и топол викенд

Деновиве и работната недела која се ближи до самиот крај регионите во Македонија беа со претежно сончево време со дневни температури кои се движеа околу 30-от степен.

Слично време метеоролозите најавуваат  за денеска со температурен максимум околу 35 степени а во главниот град до 34 степени.

Викендов кој е пред нас пак не очекува  сончево и стабилно време а температурите ќе го надминат просекот за овој период од годината односно ќе се движат во интервал од 30 до 38 степени Целзиусови.