Утринска температура минус еден, дневната до 24 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло. Во среда ќе има зголемување на облачноста, особено во јужните делови од земјата.