Фејсбук со својата нова опција „Stories“ на корисниците им овозможи да дознаат кој го следи секој нивни чекор на оваа социјална мрежа.

Имено, опцијата „Stories“ која стигна и на Фејсбук апликациите, им овозможува на корисниците да видат кој од нивните пријатели погледнале што тие пријавиле.

Споменатата опција е преземена од „Snapchat“, а Фејсбук на почеток ја интегрира на „Instagram“, „Messenger“ и „WhatsApp“, а потоа во главната апликација.

На сите споменати платформи таа функционира исто. Корисниците објавуваат фотографии и снимки кои нивните пријатели можат да ги погледнат, а кои ќе исчезнат во период од 24 часа. Исто така, во секој момент е возможно да се види бројот на пријатели кои ја погледнале вашата приказна, како и нивните имиња.

Сето тоа не би било чудно, ако Фејсбук не истакнеше дека нема да им овозможи на корисниците да дознаат кој ги погледнат нивните профили, а опцијата „Story“ сега е совршена алатка за следење на луѓето.