Снежана го запозна својот херој: Иван ја спаси во невремето во Загреб (Видео)

Снежана Фајфер од Загреб го најде својот херој кој ја спаси во невремето кое се случи пред неколку дена во Хрватска.

- Ти за мене направи нешто што никој досега не го направил, кажа Снежана и му се заблагодари на момчето.

Иван вели дека му е мило што успеал да ѝ помогне на Снежана и раскажа што се случило.

- Не би рекол дека сум херој. Додека возевме, паднаа две дрвја и една бандера пред нас. Не можевме д аги избегнеме. Единствена опција ни беше да се повлечеме до зградата за да не падне уште некое дрво врз нас. Ја видовме госпоѓата како стои веднаш до бандерата, а ние ѝ помогнавме, кажа Иван.