Следи продолжен викенд: Што ќе се случува со времето?

Како и денеска, така и утре кога започнува продолжениот викенд, кој е воедно последен неработен ден годинава, дождот повторно ќе се дружи со нас.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок во утринските и претпладневните часови умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно со локални врнежи од дожд, максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 17 степени. Во сабота умерено облачно време со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и температури од 13 до 20 степени. Во недела во Македонија умерено облачно време со сончеви периоди и идентични температури од 13 до 20 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимални температури кои ќе достигнат до 16 односно до 14 степени.