Скопските херои ќе го обиколат светот со мотор: Тони и Силвана ќе пренесат прегратки од Македонија (ФОТО)

Брачниот пар Силве и Тони Митреви, од Скопје тргнаа на пат околу светот на мотоцикл.

Планирано е оваа обиколка со мотор околу светот да трае 14 месеци.

Двајцата дале откази на работа и подготвени тргнаа во големата авантура. Подготвени се да се возат на секакви временски услови, ќе преспиваат по хотели и мотели, а од голема помош им се меѓународните мото федерации.

Во земјите каде што има мото федерации Тони им Силве ќе им бидат гости на моторџиите, добиле поддршка и покани од многу места. Во Скопје, покрај „Ноќни волци“ поддршка им даде младинската организација „Млади за љубов“ која 10 – та година по ред организира „Гратис гушкање“.

-Со голема радост, амбасадата ги пречекаа двајцата македонски ентузијасти Силве и Тони Митреви, кои под мотото „Македонија го гушка светот“ со својот мотор планираат да го поминат целиот свет (пет континенти) за една година. Тие неколку денови се гости во македонската резиденција, каде амбасадорот Псалтиров и неговата сопруга се погрижија нивниот престој во Астана да им остане во убав спомен. Батериите се наполнети, рутите дефинирани, визите обезбедени. Ги чека долг пат низ Казакстан, Узбекистан, Киргистан, а потоа кон остатокот на Азија и светот. 

Јунаци наши, ги стискаме палците за вас, ви посакуваме среќа и добро здравје и … Ве гушкаме и ние, исто така! Се гледаме до година во нашата прекрасна Македонија!, напишаа од македонската амбасада на Фејсбук.