Скопје Зоо од поинаков агол (видео)

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година.

Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед.

Денес, градината располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.

Од летово слониците Дуња и Даела се новите жители во зоолошката градина. По 26 години љубителите на животни повторно може да уживаат во друштво на слониците, кои се сместени во ново живеалиште со отворен и затворен дел, изградено по најсовремени стандарди.

 

cheap nike free run 5.0