Скопје пред Охрид по бројот на странски туристи

Лани во месец ноември во Скопје престојувале 15.613 гости, од кои 1.865 се домашни туристи, а 13.748 се странци, соопшти Државниот завод за статистика.

Езерата во Македонија истиот месец ги посетиле вкупно 10.772 туристи. Во бањите имало 2.622 посетители. На планинските места одмарале вкупно 3.648 туристи.

Во другите места во Македонија дошле вкупно 11.507 гости.

Веќе подолг период најбројни меѓу туристите се Турците и гостите од соседните земји.

Растот на бројот на туристите во Македонија од јануари до ноември е 5%, а бројот на превезени патници на двата аеродроми е рекорден. Во овој период бројот на домашни туристи бил поголем за 5,3%, а на странски за 4,8 отсто. Притоа странските туристи најчесто поминувале 2 до 3 ноќи во државава, главно како дел од кружните тури кои повеќе туристички агенции ги организираат низ повеќе земји во регионот.

Преку двата македонски аеродрома, „Александар Велики" во Скопје и „Св. Апостол Павле" во Охрид во 2016 година патувале 1,8 милиони патници, информираат од „ТАВ Македонија".