Скопјани на Водно во потрага по чист воздух

Скопје се гуши во смог и чад. 

Скопјани не очекуваат многу од властите бидејќи тие за проблемот зборуваат само кога ќе настапи сезоната на загадување. Голем број граѓани викендот го искористија да се качат на Водно за да вдишат почист воздух.

Граѓаните реагираат на локалните власти зошто не ја одржуваат хигиената на Водно.

Оние мерни станици кои работат постојано се во црвено иако температурите се уште не се толку ниски. Покрај тужби до државата, граѓаните објавија повик преку социјалните мрежи за бојкот на наставата во училиштата поради енормното загадување. 

На апликацијата Мој Воздух од сега секој граѓанин може да пријави кој, каде и како загадува. Пријавувањето е едноставно и се одвива во три чекори. Со прикачување на фотографијата се впишува и локацијата на видливи загадувачи. Жариштата на загадување се маркирани со црвено на мапата и под секоја фотографија стои кога е објавена. За само 24 часа пријавени и маркирани се 20тина загадувачи. Најголем број од нив се во Скопје. До сега пријавени се диви депонии и чад кај Вардариште, под скопското Кале на кејот од Вардар, Железара, цементарница Усје. Маркирани се загадувачи и во Миладиновци, Куманово, Пробиштип , Кавадарци.

Граѓаните претходно најавија тужби до државата поради загадување, реагираа на средствата од новата стратегија за чист воздух. На социјалните мрежи најавија и бојкот на наставата бидејќи загадувањето со штетните ПМ честички е постојано неколку пати над дозволениот праг иако за овие информации граѓаните не дознаваат навреме бидејќи неколку мерачи на воздух веќе со месеци не функционираат.