Скопјанец со пила ограбил казино на „Партизанска“

Четириесет и двегодишен скопјанец ограбил казино на булеварот Партизански одреди со рачна пила.

Според информациите од МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.А. (42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тој во неделата во казино на булеварот Партизански одреди во Скопје со закана со рачна пила украл околу 126.570 денари.

Истиот ден бил извршен претрес во домот на пријавениот каде што бил пронајдени поголем дел од одземените пари. Остатокот ги потрошил за свои лични потреби.