Сѐ што треба да се случи ќе се случи кога ќе бидете подготвени за тоа

Зен будистите ја ценат медитацијата и се фокусираат на својата интуиција многу повеќе од повеќето луѓе. Иако не е лесно да се дефинира или да се стави во само една категорија, Зен е нешто што секој би требало да го доживее во одреден момент во животот.

Во продолжението ќе ги наведеме најважните „правила“ или практики кои можат ви бидат многу корисни.

Ако барате мир или едноставно сакате да пробате нешто ново, можеби било убаво да ги прочитате овие работи. Иако нема да биде толку лесно како што звучи, верувајте дека многу ќе ви користи. Во продолжение прочитајте 12 Зен правила кои ќе го променат вашиот живот.

Никогаш немојте да брзате

За најдобрите работи во животот потребно е време. Треба целосно да се внесеме во она што го правиме. Ако премногу брзате, сигурно ќе направите повеќе грешки.

Постои време и место за сѐ

Иако можеби изгледа дека е полесно да ги оствариме работите со форсирање, тоа сепак не е добар начин. Дозволете му на вашиот живот да се обликува. Сѐ што треба да се случи ќе се случи кога ќе бидете подготвени за тоа. Како што е наведено погоре, колку повеќе брзате, толку повеќе грешки ќе направите.

Секогаш бидете присутни во сегашниот момент

Утрешниот ден не ни е ветен. Живејте во моментот и уживајте во секоја секунда како да ќе ви биде последна. Направете го она за кое знаете дека би се каеле доколку не го направите до крај на животот.

Без скромност немаме ништо

Мораме да бидеме скромни. Иако скромноста секој различно ја сфаќа, сепак таа е многу важна за нашиот живот. Не смееме да дозволиме гордоста и егото да ја засенат нашата способност да правиме добрина на овој свет.

Правете добрини за да помогнете, а не заради некаква награда

Не правете работи ќе ви донесат награда, правете добрини затоа што навистина сакате да помогнете некому.

Ако сакаме да пронајдеме мир, мора да престанеме постојано да размислуваме и анализираме

Ова е проблем кој повеќето од нас го имаат и тешко е да се ослободиме од таа навика, но ако го направиме тоа, верувајте дека сите ќе имаме многу поголем мир во нашите души. Умот е страшно место и не треба да му дозволиме премногу да лута.

Спијте колку ви е потребно

Нашите тела се важни. Ако не се грижиме како што треба, ќе предизвикаме повеќе болка. Грижете се за себе и не заборавајте на сонот.

Треба убаво да размислите пред секое дејство и акција

Не носете одлуки без размислување. Не делувајте импулсивно без да размислите за последиците.

Бидете свесни за вашите зборови

Работите кои ги кажуваме се важни и во моментот кога ќе ги изговориме не можеме да ги вратиме назад. Никогаш не смееме да збориме само за да кажеме нешто. Нашите зборови можат да повредат многу повеќе отколку што можете да замислите.

Обидете се со медитација

Медитацијата ѝ е потребна на нашата душа. Никогаш не треба да прескокнеме ден. Тоа ќе ви помогне да го исчистите вашиот ум.

Немојте да жалите за минатото

Вашето минато не ве дефинира, но покажува колку сте силни денес. Не се каете за работите кои не можете да ги промените. Ослободете се од нив и станете подобра личност.

Секогаш имајте сочувство за луѓето околу вас

Другите луѓе заслужуваат сочувство. Не гледајте ги луѓето од височина, никогаш не знаете и вие самите во каква ситуација ќе западнете.

Животот може да биде непредвидлив.

air max 90 essential sale