Македонската опера и балет ја продолжува традицијата. На 12 и 13 јануари (петок и сабота), 2018 г. ќе го одржи концертот по повод празникот „Василица“.

Оваа година концертот носи наслов „Simply the best“, односно, направен е избор од најдобрите поп-рок хитови од’ 80 и ’90-те години. Публиката ќе има можност да ужива во популарните: „ With or without you“; „Freedom“; „I drove all night“;„Listen to your heart“; „Simply the best“; „Every breath you take“; „I want to break free“; „Black velvet“ и многу други. Ќе ги исполнат популарните ѕвезди од македонската естрада: Александар Тарабунов; Елена Петреска; Ана Мицковска; Александра Јанева;Горан Наумовски; Ѓоко Танески; Арбен БЕНИ Шаќири; Дани Димитровска; Наташа Малинкова; Лена Заткоска, Даниел Дан, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

Ќе ги придружува хорот и големиот оркестар на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува т.н. „Стара Нова година“, Македонската опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Билетарница на МОБ: 02 3118-451