Штрајк во „Аустриан ерлајнс“, се откажуваат летови од Скопје

Денеска започнува дводневниот штрајк на познатата авио компанија „Аустриан ерлајнс“ кој е предвидено да трае до утре. Причината за ваквиот штрајк е спор околу платите што кулуминираше со откажување на 400 летови од кои се засегнати околу 50 илјади патници.

Она што е значајно за нас е дека единствените летови кон Скопје што ги имаше овој авиопревозник се откажани.

Од регионот речиси сите аеродроми се погодени од овој штрајк. Откажан е и единствениот лет што оваа компанија го имаше за Приштина. Од друга страна, утре (петок), од три дневни летови од Виена до Белград, откажан е само еден (OS735).

Истиот ден, авиокомпанијата ќе ги реализира двата лета до Сараево. Еден од двата дневни лета во Загреб (OS681) е откажан.

Летовите до Подгорица и Сплит во петок ќе се одвиваат според планираното, додека летот за Дубровник (OS731) е откажан.