Штрајк на грчките цариници: За сообраќај затворени се граничните премини „Дојрани“ и „Ники

Поради штрајк на грчките цариници, од изутрина во пет часот се затворени за сообраќај граничните премини „Дојрани“ и „Ники“ и се пропуштат само пешаци, а на „Евзони“ повремено се пропушаат патнички возила и пешаци, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Штрајкот на „Дојрани“ ќе трае до 23 часот, и ќе се пропуштаат само пешаци. На „Евзони“, пак, до 23 часот ноќеска ќе биде во целосен прекин сообраќајот за тешки моторни возила, а повремено ќе се пропуштаат патнички моторни возила и пешаци. На преминот „Ники“, според најавата, ќе се штрајкува до  утре во пет часот и исто така ќе се пропуштаат само пешаци.