Што значи да си снаа во Македонија: Децата не ги доиш како треба, ако не сакаш да правиш зимница, лоша си, ако правиш, не знаеш како треба...

Бескрајно духовит, но вистински опис за тоа што значи да бидеш снаа во Македонија, кружи по социјалните мрежи. Тука се пронаоѓаат и снаите и свекрвите. По се изгледа една од “најтешките ” работи во Македоноја е да бидеш снаа, така пишуваат снаите кои се пронајдоа во овој текст.

Вака гласи описот, кој неодамна се појави:

“Еден од најтешки облици на постоење на Земјата е да бидеш снаа. Од една страна свекрвата, од друга золвата, од трета сите роднини. Има снаи кои уште на почеток си ставаат ред и никој не смее да им се меша, а ги има и оние кои на сите им одат по кеф.

Колку и да се трудиш да им се допаднеш, порано или подоцна, ќе ви дојде вода на уста и ќе добиеш желба да се тргнеш далеку од сите. Бидејќи ако си слаба, зошто си слаба, ако си дебела, зошто си дебела, ако не си образована, зошто не си учела, а ако си, тогаш тоа е твоја работа, тие не те терале со зор.

Ако си убава, не е добро, ако си запуштена, пак не е добро. Ако домот ти е среден, значи дека може да биде уште посреден, ако не тие, веднаш да одиш и да се убиеш, не си домаќинка.

Децата обично не ги доиш или храниш како треба, не ги облекуваш доволно и не знаеш да ги воспитуваш. Ако не сакаш да правиш зимница, лоша си, ако сакаш, тогаш не се прави така, не си научила додека си била кај мајка ти.

Ако правиш колачи, можеле да бидат поубави, а ако нарачуваш од слаткарница, треба да се срамиш. Нејзиниот син, и така никој не може да го сака повеќе од неа, па така залудно се натпреваруваш и силиш”...

.