Што се случува со вашиот организам кога ќе се напиете кафе на празен стомак?

Сите знаеме дека не е препорачливо да се пие кафе на празен стомак, но малкумина знаат зошто оваа навика е толку штетна. Кафе на празен стомак никогаш не треба да се пие, ни наутро, ниту во текот на денот кога ќе почувствувате глад, па го заменувате ручекот со кафе за привремено да се заситите и да ја повратите енергијата.

А еве што се случува во телото кога ќе се напиете кафе на празен стомак:

Се зголемува количината на киселини во желудникот

Зголемената количина на киселини во желудникот предизвикува нагон за поджригнување и проблеми со варењето кои можеби ќе ги чувствувате и во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост може со текот на време да доведе до сериозни пробелми во подрачјето на стомакот, како чир на желудник, синдром на иритабилни црева и рефклукс. Поевтиното кафе, односно понеквалитетното кафе, обично има поголема киселост, што може дополнително да ја зголеми штетата.

Се зголемува чувството на стрес и тегоби

Пиењето на преголеми количини кафе може да го зголеми чувството на тегоби и стрес, а кога кафето го пиете на празен желудник, тој проблем уште повеќе се зголемува. Од друга страна, храната и варењето може да делуваат смирувачки на нашиот организам. За да го намалите негативното влијание на кафето врз нервниот систем, секогаш јадете нешто заедно со кафето.

Се намалува нивото на хормони

Главната причина поради која кафето го зголемува чувството на стрес и тегоби е хормонската нерамнотежа за која е виновен кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да го помести производството на серотоним, невротрансмитер одговорен за чувството на среќа, уживање и благосостојба. Истражувањата покажале дека кога ќе престанеме да пиеме кафе на празен стомак, ќе бидеме подобро расположени и подобро ќе се чувствуваме.