Што навистина ги привлекува жените?

Тврдењето дека духовитите мажи се привлечни за жените е точно, но прашањето кои мажи, жените ги наоѓаат како духовити? Дали само смислата за хумор е доволна за да насмеете? Одговорот е НЕ.

Психолозите од Универзитетот во Стирлинг открија дека привлечните мажи се доживуваат како подуховити, пренесува Daily Mail.

Во студијата, студентите по психологија биле проучувани додека морале да изберат меѓу два предмети што со себе би ги понеле на пуст остров. Тие можеле да бират меѓу чоколадо, лак за коса или пластични вреќи, а својот избор морале и да го објаснат.

Иако студентите не биле запознаени дека темата на студијата била хуморот, повеќето од нив се обидувале да бидат духовити во одговорите. Останатите студенти за задача имале да ја оценат духовитоста на нивните коментари и да проценат колку се привлечни испитаниците.

Резултатите објавени во списанието Personality and Individual Differences покажале дека атрактивните поединци биле оценувани како повеќе духовити од своите помалку згодни колеги.

И покрај ова, фактот дека духовитоста на секоја маж е важна за секоја жена е суште вистина. Тоа е така од две причини

Едно од понудените објаснувања е дека мажите го користат хуморот како сигнал за парење бидејќи на тој начин им ја докажуваат својата интелигенција на жените, како и своите добри гени.

Второто објаснување вели дека ја користиме духовитоста за да покажеме дека некоја личност сексулано нè привлекува.