Мажите посакуваат жените да ги знаат овие работи

Мажите често се плашат да бидат директни и отворени поради чувствителноста на жените. Но, тоа не значи дека тие немаат што да кажат. 

И тие имаат чувства

Иако изгледаат стабилно и рационално и не ги покажуваат своите чувства, не значи дека се бесчуствителни, туку дека се однесуваат како мажи, односно така како што се очекува од нив. Тоа е така бидејќи во денешно време, чувствата се третираат како слабост. Затоа и тие сметаат дека треба да ги кријат своите слабости, но тоа не значи дека чувствата не постојат.

Тоа што другите жени им се привлечни, нема никаква врска со вас

Според нив, тоа не треба да биде тешко за да се сфати. Тие гледаат, се восхитуваат и замислуваат и најчесто нештата остануваат на тоа. Не треба да мислите дека тоа треба да им го забраните, ниту пак да се вознемирувате и лутите. 

Тие не можат да ги разберат работите ако не им ги посочите

Жените често мислат дека мажите можат да читаат мисли. Но, ним треба јасно и гласно да им се каже што сакате, а што нејќете. Не се обидувајте да заобиколувате, ниту пак да се трудите да бидете суптилно. Тие ја мразат лошата комуникација. Сакаат јасност и отвореност.

И тие сакаат да се чувствуваат сигурно и сакано

Уживањето во заедничката љубов е нешто што ги смирува и што го сметаат за привилегија. 

Постои само еден начин да ги задоволите

А тоа е кога ќе покажете дека уживате во тоа и дека ви е важно нивното задоволство.