Што кога родителите ќе остарат?

Комуникацијата со постарите родители често знае да биде заморна. Поради генерацискиот јаз, неретки се конфликтите, но и недоразбирањата од различен тип.

Уметникот Александар Галитски со години работи со постари луѓе, учејќи ги како да прават скулптури од дрво или да сликаат.

Ова се неговите правила за комуникција со постарите родители:

Не се обидувајте да ги промените

Кога бевме деца, нашите родители нѐ излудуваа со приказни за детето од соседството кое ги има сите петки и кое цело време си ги слуша родителите. Сега кога се остарени, веројатно и вам ќе ви доаѓа да им велите нешто од типот дека соседот од спротива се движи секој ден, а дека тие по цел ден седат дома.

Не се обидувајте да ги промените. Не можете да ги промените луѓето во тие години. Она што можеме да го направиме е да ги прифатиме такви какви што се.

Не се обвинувајте себеси

Сите нѐ стигнува вината, порано или подоцна. Во одредени периоди ќе се чувствувате виновни и неуспешни: не сте го направиле тоа што ви рекле да го направите, сте им викале без потреба, итн. Не се обвинувајте себеси.

Секој мора да води грижа за себеси и да се опушти. Ако постојано живеете за да ги задоволите нив, на крајот ќе се доведете во ситуација да ги обвинувате нив за својот неуспех во животот.

Не влегувајте во конфликт

Со постарите родители често морате да се однесувате како со мали деца – трпеливо. Никогаш не реагирајте на нивната агресија, повишен тон или навреденост. Ако реагирате – вие губите. Сослушајте ги и обидете се да го решите нивниот проблем или изворот на нивната вознемиреност. Тоа е единствениот начин да не чувствувате вина на крај.

Не очекувајте комуникацијата да биде задоволство

Тие понекогаш се нервозни, нерасположени и слично. Тие се само луѓе. Исто како и ние. Па така, ако се лути, зборувајте со нив, не ги штедете затоа што се стари.

Што можете да направите за да им помогнете на своите родители:

Покажете сочувство, но не и сожалување

Сочувството е многу важно, но не се однесувајте како да се беспомошни.

Бидете нивен столб

Никогаш не одете кај родителите за да се жалите. Секогаш имајте две приказни: едната за нив и една вистинита. Тие целиот живот се посветиле на тоа да бидете среќни и нив ќе им биде многу тешко ако вие сте не сте среќни. Не дека треба да ги лажете, но вие сте млади и далеку поспособни од тоа што тие се сега. Бидете нивен столб, исто како што тие биле ваш столб.

Простете

Важно е да научите да заборавите на минатото. Ако денес не им простите, можеби утре ќе биде предоцна. Мораме да бидеме доволно силни за да простиме и да почнеме од почеток. Имајте на ум дека тие ве имаат само вас и без оглед на тоа колку сте стари или успешни, за нив вие сте само нивното дете.