Тајната на паметните деца е во зборовите кои ги слушаат од своите родители

Колку повеќе разговарате со своите деца, толку попаметни ќе бидат. 

Ова е заклучокот од истражувањето на научниците од Универзитетот во Јорк, кои тврдат дека децата на родителите кои повеќе зборуваат со своите деца и им доделуваат разни задачи за извршување, тренирање на нивните невербални способности, како и нивните способности за расудување, решавање проблеми и развој на просторното размислување, стануваат поинтелигентни зрели луѓе, надарени со богат вокабулар и фантазија. 

Според истражувачите, децата на предшколска возраст кои активно комуницираат со родителите имаат подобар старт во животот, особено ако во секојдневниот живот користат богат и разновиден вокабулар.

Ова биле главните откритија на истражувачите:

  1. Членовите на семејството се први учители на децата.

  2. Количината на зборови кои постарите ги користат во присуство на детето позитивно се одразува на неговите когнитивни способности.

  3. Истражувачите откриле дека квалитетниот говор на возрасните е корисен за развојот на вокабуларот на детето. Децата кои комуницираат со возрасните користејќи богат и разновиден вокабулар, на крај се многу поелоквентни во секојдневниот живот. 

  4. Кога родителите позитивно реагираат на интересите на детето и го поттикнуваат неговото самостојно изразување, со тоа го насочуваат детето кон логичко размислување, а детето обично покажува помалку знаци на анксиозност, агресија и/или непослушно однесување.

  5. Количината на изговорени зборови е различна за различни семејства и заедници. Некои деца слушаат двојно повеќе зборови од возрасните околу себе за разлика од нивните врсници. Затоа истражувачите нагласуваат дека учењето вештини уште од најраните периоди од животот кај различни деца е променливо и динамично, а не апсолутна константа.