Штипјанец ја продава куќата и се сели: За еден месец го ограбиле најмалку 30 пати

Тони Јосифов е најограбуваниот штипјанец, а во разговор со „Телевизија Стар“ раскажува дека од 30 мај до 30 јуни бил ограбен најмалку 30 пати.

Штипјанецот работи како болничар, па често не е во својот дом. Крадците тоа го знаеле и го користат така што секој ден му краделе по нешто од дома.

- Решив да ја продадам куќата и да се преселам на помирно место. Да се тргнам од ова место каде што сум се родил, вели Тони.