Шпански „Ас“: Димитриевски има договор со Валенсија

Реномираниот шпански весник „Ас“ открива дека нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски веќе има договор со Валенсија каде планира таму да ја продолжи својата кариера.

Како што пренесува „Ас“ на Димитриевски му е понудено продолжување на договорот од страна на сегашниот клуб Рајо Ваљекано но тој сеуште ја нема прифатено таа понуда. Инаку договорот на Димитриевски со сегашниот клуб му истекува за некој месец односно на 30 јуни и тој веќе станува слободен фудбалер и ќе може да потпише за Валенсија без никаква отштета, што дефинитивно може да му донесе поголема годишна плата.

Валенсија во македонскиот голман гледа добро и евтино решение за голманската позиција, како замена за Грузиецот Гиорги Мамардашвили, кого планираат да го продадат претстојново лето за сума не помала од 30 милиони евра, пари со кои би го покриле минусот во клупската каса. Нашиот Столе досега годишно заработуваше речиси 800.000 евра по сезона, а се очекува од следната сезона првпат да инкасира повеќе од милион евра.