Шилегов дојде на увид, станарите го дочекаа со жалби за заштитните столпчиња

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва дојде во увид на состојбата со зградата кај „Скопјанка“, од каде што поради силен мирис беа евакуирани станарите.

Тие ја искористија шансата за да му се пожалат на градоначалникот за поставените столпчиња на тротоарот.

Додека во зградата, полицијата и инспекторите ја истражуваа причината за силната миризба, граѓаните му кажаа на Шилегов дека им е спречен пристапот до зградата со поставените три реда столпчиња на тротоарот. Тие побараа да бидат отстранети и се пожалија дека поради столпчињата до зградата е отежнат пристапот за пожарна или за брза помош.