Шанса за работа во странство: Хотелите бараат над 20.000 туристички работници

Хотелиерите во Хрватска се во офанзива за да бараат работна сила. 

Се бараат работници на саеми, преку огласи, преку кампањи,  но и преку социјалните мрежи. 

Иако се сметаше дека оваа година многу порано хотелите ќе најдат работници, ситуацијата е неизвесна. 

Се бараат келнери, собарки, готвачи, рецепционери, аниматори, помошни работници и друго. 

На хотелите кои се за 50 повеќе од лани, им требаат сезонски, но и постојани работници. 

Ако има раст на инвестициите во туризмот, во наредните години бројот на работни места ќе биде поголем, а со тоа ќе бидат потребни и повеќе работници. 

Според анкетите, сите Хрвати сакаат да работат на море, а во Загреб сакаат да работат само 4% од анкетираните. 

Иако се платите ниски, 88% би се вратиле на работа во туризмот. Околу 63% се изјасниле дека пак сакаат да работат кај истиот работодавец.