Семејна драма: Со тесла ја претепал снаата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 58-годишниот Б.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „убиство во обид“.

На 09.07.2017 година, околу 19,49 часот, во с.Мирковци-Скопје, во дворот пред куќата по кратка вербална расправија поради нерешени имотно правни работи, пријавениот со употреба на тесла физички ја нападнал неговата снаа за брат, 54-годишната С.П.( при што таа се здобила со тешка телесна повреда во  главата.