Се зголемува паричната помош од Град Скопје за семејствата на загинатите во Бугарија

Градоначалничката Арсовска побарала да се зголеми паричната помош на несреќните семејства кои изгубија свои членови во автобуската несреќа во Бугарија. 

Со тоа паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата, одлучи денеска Советот.

- На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа – кажа градоначалничката Арсовска во нејзиното обраќање на денешната седница на Советот.

Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.