Околу 12 часот на улицата Бутелска во Скопје вчера се запалило возило во движење.
Се работи за автомобил марка Пежо 406, кое било со скопски регистарски ознаки, а се запалило додека се движело. За среќа повредени лица нема, а како што информираат од полицијата, пожарот е изгаснат од случајни минувачи.