Се забил со моторот во џип: Страотна несреќа, скопјанец тешко повреден

На магистралниот пат Кичево- Охрид, пред село Требеништа, вчера во 11:40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од С.Д. (36) од Скопје и патничко моторно возило “Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ј.(36) од Скопје.

Во незгодата возачот на мотоциклот С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.