Се урива барокната фасада на ТЦЦ Плаза

Се урива барокната фасадата на ТЦЦ Плаза кај плоштадот ВМРО.

Како што пренесува СДК, утрово со градежна механизација зад тарабите со кои е ограден објектот кој е во фаза на градба се отстрануваше фасадата. Од Град Скопје велат дека тие не дале никаков налог на инвеститорот за промена на фасадата. Зошто се урива фасадата на објектот не знаат ниту од Општина Центар.

„Немаме издадено никакво решение за уривање. Најверојатно инвеститорот сам одлучил за некакви промени. За овој објект дозволата за градба е издадена во 2016 година и поради тоа не е опфатен со одлуката за мораториум“ вели Саша Богдановиќ градоначалник на општина Центар.

Од ТЦЦ Плаза не добивме одговор зошто се урива фасадата. Оттаму ни рекоа дека лицето задолжено за односи со јавност е на состанок.