Нова фасада со антички столбови на зградата на Пелагонија (фото)

Во тек е реконструкцијата на зградата Пелагонија лоцирана на улицата Димитрие Чуповски, број 2.

Со одлука на Град Скопје, оваа зграда доби барокна фасада во рамките на Програмата за реконструкција и доградба на објекти од централното градско подрачје. Градежните работи ги изведува фирмата "Масон инженеринг".

Зградата ќе добие целосно нов надворешен дел, со антички столбови на влезот на објектот. Во финансирањето на проектот учествува и фирмата "Пановски".