Се преврте автомобил кај Миладиновци, две лица тешко повредени

Околу 04 часот утринава на локалниот пат село Кадино-Миладиновци-Скопје, се случила сообраќајна незгода во која возило „Тојота Корола“ со скопски регистерски ознаки,  управувано од 27-годишниот Д.С. изгубило контрола и излетало од коловозот по што се превртело во нива.

Според податоците од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Г.М. (22), а со телесни повреди се здобила другата сопатничка од возилото Н.Н. (31) и двете од Скопје.

Тие биле префрлени во болницата „Наум Охридски“ каде Г.М. била задржана за понатамошно лекување, а Н.Н. по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.

На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од полиција.