На 19 декември, православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба.

Во народното паметење овој лик  останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле...