Сашко Коцев со апел до театарската публика: Да ги исклучите мобилните телефони и да не доцните на претставите

Актерот Сашко Коцев упати апел до театарската публика, за начинот на кој треба да се однесува кога посетува театарска претстава.

Тој потсети оти користењето на мобилните телефони и разговорите во текот на текот на претставата, како и доцнењето при доаѓање во театар, се меѓу најчестите причини кои им пречат на актерите, како и на останатите присутни гледачи.

– Актерите на сцена се преправаат дека никој не ги гледа, а публиката скришно, воајерски ѕирка, како низ прозорчиња, и се преправа дека не е тука, за ние да можеме да ја донесеме магијата наречена театар. Таа магија се остварува кога ние ќе заборавиме дека некој не гледа, а кога публиката ќе заборави дека ѕирка. Тоа е бесценетиот момент заради кој излегуваме егзалтирани после претставата. Сето ова го рушат сите ѕвонења и јавувања на мобилни, сликање со блиц, довикувања, разговори, влегување 20 минути подоцна, носење тригодишни деца на вечерна претстава. Овие работи веднаш не враќаат во реалноста… И вас и нас – напиша Коцев, додавајќи дека сите вакви вознемирувања повеќе го нервираат како гледач на претстава, отколку како актер.