Рута 2: Со велосипед од Аеродром до Ѓорче Петров (ГАЛЕРИЈА)

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ги оформуваат и асфалтираат велосипедските патеки од Рутата 2 од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“.

Денеска се асфалтираа велопатеките по должината на булеварот Јане Сандански, а интензивно се работи и на изградба на велосипедските патеки по должината на булеварот Партизански одреди, во делот на Буњаковец и кај Порта Влае.

Рутата 2 од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров.

Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.