Изменета рутата на скопскиот маратон

Најмасовниот до сега, 12-ти по ред Скопски Маратон ќе се трча по изменета патека. Во рутата оваа година ќе бидат вклучени двете веројатно наголеми обележја на градот, Камениот мост и Скопското Кале.

Директорот на манифестацијата Кире Синадиновски изјави дека оваа патека била утврдена уште со првиот план за одржување на манифестацијата, но градежните работи кои се одвивале на конкретните места биле причина што досега маратонот не се трчаше на овие две локации. Камениот мост и Калето се наоѓаат на официјалното лого на манифестацијата, но и на грбот на Град Скопје, па одлично е што конечно и тие влегуваат како дел од најмасовниот спортски настан.

Пријавувањето за настанот заврши вчера, а неофицијално пријавени се повеќе од 6 000 учесници, што го прави овогодинешниот маратон далеку најмасовен од сите претходни.
Новата рута е одобрена од Меѓународната на маратони и улични трки, изјави Синадиновски.