Рис, срна, дива мачка – еве што сè уловија „фото замките“ во Маврово

Националниот парк Маврово на својот Фејсбук профил објави 40-тина фотографии од животните кои поставените фото – замки ги уловиле во шумите на паркот.

Дива мачка, дива свиња, срна, рис и уште неколку животни може да се видат во албумот на националниот парк.