Реконструкција на Милениумскиот крст на Водно

Од град Скопје информираат дека во тек се зафати за реконструкција на Милениумскиот крст на Водно.

Овој проект опфаќа градежни работи со што ќе се добие целосна антикорозивна заштита на челичната конструкција на Милениумскиот крст, демонтажа на постојниот и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи, поставување електрични инсталации, опрема и агрегат, изградба на фекална канализација и санитарни јазли, како и регулирање на водоснабдувањето до Милениумскиот крст и изградба на водоводна мрежа.

На терен на реконструкцијата и адаптацијата на Милениумскиот крст работат екипите на градежната компанија „Турбо инженеринг“, за реализацијата на овој проект ќе бидат вложени околу 70 милиони денари.